„Ауди“ ја повлече „провокативната“ и „опасна по живот“ реклама со девојчето и бананата

Twitter

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ се извини поради рекламата со девојчето кое потпрено на автомобилот со високи перформанси јаде банана.

Спорната реклама со девојчето е снимена за промоција на моделот РС4, а на официјалните страници моделот се рекламира како семеен автомобил, што веројатно и ја започна лавината од негативни критики на социјалните мрежи.

Слоганот на „Ауди“ над фотографијата гласи: „Срцето нека ви чука побрзо – во секој поглед“.

Рекламата предизвика многу негативни реакции на Твитер.

Многу корисници сметаат дека позата на детето е „провокативна“ и „опасна по живот“.

Некои од реакциите беа дека возачот никако не би можел да го види детето чија глава не се гледа над хаубата и кое е потпрено на предниот браник на автомобилот.

Други ја критикуваа сексуалната сугестија на фотографијата со оглед на тоа што, како што тврдат, бананите и автомобилите често се симболи на машката страст.

„Го слушаме вашиот глас, но да расчистиме: Ние се грижиме за децата. Искрено се извинуваме поради оваа фотографија и ќе се погрижиме да не се користи во иднина“, напишаа од компанијата.

Германската компанија вели дека започнала истрага како дошло до објава на оваа фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот