„Ауди А6“ прегази четиригодишно девојче и дадилка во Белград (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Девојче било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.

Четиригодишното девојче било тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад. Девојчето било во придружба на дадилката и заедно преминувале улица.

За случајот била известена и полицијата. Брзо бил идентифкуван автомобилот кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна и возачот, 22-годишниот Милан Ш. бил сослушан по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот