Audi A6 Allroad за 2020 година (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Audi A6 Allroad за 2020 година (ФОТО+ВИДЕО)

Audi продолжува со производството на „крос“ верзии на моделите A6 караван која ја стартуваше уште во 1999 година со првата генерација на овој автомобил.

Audi на почетокот на овој месец ја претстави „крос“ верзијата на моделот A6 Avant, a благодарејќи на повеќето фотографии и видео содржини, сега можеме да го погледнеме возилото од сите агли.

Audi продолжува со производството на „крос“ верзии на моделите A6 караван која ја стартуваше уште во 1999 година со првата генерација на овој автомобил.

Купувачите на овој модел на располагање ќе имаат три погонски единици. 3.0-литарски TDI V6 мотор. Основната верзија располага со 231 ks (170 KW) и 500 Nm максимален вртежен момент.

Средната верзија е со дизел агрегат со 286 ks (210 kW) и 620 Nm, a во врвот на понудата се наоѓа A6 Allroad Quattro 55 TDI со 350 „коња“ (257 kW) и 700 Nm. Најмоќниот модел од 0 до 100 km/h забрзува за 5,2 секунди.

Сите три верзии се опремени со т.н. „благ“ хибриден погон, додека моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на 8-брзински „Tiptronic“ автоматик и quattro погон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close