Атрактивност, харизма и шарм: Која е згодната блондинка која стои покрај Кирил Петков?

кирил петров
Фото: Facebook

Со сета политичка интрига изминатите денови, додека политичките кругови се прашуваат дали Кирил Петков ќе биде новиот бугарски премиер, ние се прашуваме која е убавата жена која го придружува во текот на приватниот и подржува во текот на професионалниот живот?

Кирил Петков е актуелен бугарски политичар со богата и интересна биографија. Роден е во 1980 година во Пловдив, а детството го поминува во Софија со своите родители учители.

Завршил софиска седма гимназија, а потоа се селиво Ванкувер заедно со родителите и студиите ги поминува таму, стекнувајќи се со диплома по финансии на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер, и подоцна завршува магистерски студии по бизнис администрација на Универзитетот Харвард, рангиран меѓу првите десет во неговата класа.

кирил петков линда мекензи
Фото: Facebook

 

Петков е оженет и има три деца со сопругата Линда Мекензи, сега Мекензи Петкова, со која се во брак веќе 21 година. Својата љубов ја запознал додека живеел во Ванкувер, со која по извесно време животот го продолжија заедно во Софија.

Занимлива по своите интересни слатки кои ги подготвува во својата слаткарница во центарот на Софија заедно со својата мајка, значително забележително за Линда е колку таа е атрактивна жена и со Петков се одлична двојка.

кирил петков линда мекензи
Фото: Facebook

Линда се специјализирала за подготовка на колачи без глутен, откако едно од нејзините деца развило нетолеранција на глутенот, а вештините кои ги развила и помогнаа да стане позната на телевизија откако се појавила во кулинарското шоу „Masterchef“.

Линда Мекензи
Фото: Facebook

Иако родителите на Линда одамна се пензионирале, нејзиниот татко Бред Мекензи продолжил со општествено корисна работа, додека мајка ѝ Маргарет Мекензи, која е дипломиран нутриционист и работела и како специјалист во пиварница во Канада, сега ѝ помага на Линда во семејната слаткарница „Amelie Sweet Shop“.

линда мекензи
Фото: Facebook

Маргарет и Кирил често знаат да споделат дискусии за безалкохолните пива и за придобивките од мешањето на овошни вкусови со хмељ, од каде всушност и произлегла идејата за пробиотикот со кој Кирил стана популарен во целиот свет.

кирил петков линда мекензи
Фото: Facebook

Децата на Петков немаат бугарско државјанство, па самата Маргарет не само што помага со слаткарницата, туку и ги чува внуките кои повеќе од времето живеат во странство.

кирил петков линда мекензи
Фото: Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот