АТРАКТИВНА БЛОНДИНКА ги мами мажите во Белград и Смедерево: Ги навлекува на секс, па ги уценува со порно снимки

Атрактивна блондинка, стара околу 35 години ги навлекува мажите на секс, а потоа ги снима и на перфиден начин од нив извлекува пари.

Оваа згодна белграѓанка во својата мрежа досега уловила повеќе десетина мажи во Белград и Смедерево, кои подлегнале на нејзината шармантност, па сега стравуваат тие снимки да не дојдат до поубавите половини.

-Таа е многу згодна, пристојно се облекува, а до своите жртви доаѓа преку работа затоа што се занимава со маркетинг, мултилевел, односно пирамидално вложување. Покрај тоа работи во реномирана фирма, каде работата и е сигурна. До своите жртви доаѓа на препорака од пријателки и пријатели. Таа ги проценува и одбира, па под изговор дека треба да објасни на кој начин ќе дојде до вишок пари, се наоѓа со својата жртва, тврди добро известен соговорник, кому член на семејството бил една од жртвите.

По преговорите за работа следува флерт и потоа измамничката ги извлекува од своите жртви потребните информации за неговото семејство и материјалниот статус.

Главно ги повикува жртвите на семинар на пирамидално вложување, на кое уловените мажи ги повикува да се опуштат во нејзината соба. Бидејќи семинарите се организираат по хотели и во внатрешноста, мажите мислат дека им се посреќило и не се сомневаат дека од ловец стануваат плен, бидејќи во собите се поставени камери кои го снимаат нивниот секс.

Жената на перфиден начин од своите жртви ги извлекува парите.

-Обично му се јавува на мажот и му предложува состанок на кој повторно му се нуди, а потоа оди со приказна дека и покрај големите пари кои ги има, западнала во проблеми. Од своите жртви бара позајмици од 500 до 1.000 евра со ветување дека ќе ги врати за неколку дена. На своите жртви им кажува и дека мисли дека е трудна, па парите и се потребни за абортус во приватна болница. Жртвите и излегувале во пресрет, во страв дека од нив затруднела. Како поминувале деновите таа жена иако уредно се слушала со својата жртва, не ги споменувала парите. Кога мажот ќе ја прашал, одговарала дека е во проблем и ја обвинувала својата жртва, односно маж дека го снимала сексот.
Говорела дека таа морала да ги откупи тие снимки за неговото семејство да не трпи. Тогаш мажот би се правдал и убедувал дека нема врска со снимката и се откажувал од натамошно барање пари од неа, среќен дека го сочувал семејството, вели соговорникот за курир.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот