АТП за прекрасниот текст посветен на Ѓоковиќ го ангажираше авторот на книгата за Федерер

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Новак Ѓоковиќ денеска стана тенисерот со највеќе недели поминати на првото место на АТП ранг листата- 311, а АТП се одлучи на необичен потег, побара од американскиот новинар Дејв Семинара да напише авторски текст за официјалната интернет страница за Асоцијацијата на тениски професионалци.

Новак Ѓоковиќ е историски број еден

Интересно е што Семинара е голем фан на Рожер Федерер, дури објави книга за Швајцарецот, а сега доби задача да пишува за Новак Ѓоковиќ кој го собори рекордот на неговиот омилен тенисер. Но, неговиот текст не остави никого рамнодушен:

„Еден јунски ден во 1992 година, едно слабо петгодишно момче стоеше зад оградата на тенискиот терен на планина во Србија и ја следеше тениската клиника за млади тенисери. Јелена Генчиќ која ја водеше клиниката, го повика младото дете да им се приклучи. Таа знаеше да го препознае талентот кај децата – Генчиќ и беше тренер на Моника Селеш на почетокот од нејзината кариера. На крајот на првиот попладневен тренинг, Јелена Генчиќ веќе знаеше дека има светски талент кај неа. Името на момчето беше Новак Ѓоковиќ“, пишува Семинара кој открива уште една анегдота.

„Крис Бауерс во својата книга пишува: Големото име во српскиот спорт, Јелена Генчиќ, заедно со петгодишниот Новак отиде во ресторанот на неговите родители и им рече „имате златно дете… Кога ќе има 17 години ќе биде меѓу најдобрите пет на светот“.
Новак „процвета“ подоцна од предвидувањето на Генчиќ, како 17-годишен тенисер, тој беше од 515. до 128. место на АТП ранг листата, но тоа покажува колку беше храбро нејзиното предвидување. И тоа во период кога Југославија се распаѓаше, а војните во 1990-тите години го осакатија целиот регион.
Но, речиси 30 години од предвидувањето на Генчиќ, момчето сега е број 1 на АТП ранг листата неверојатни 311 недели, повеќе од било кој претходно.

ВИДЕО: Мозаик на Ѓоковиќ од тениски топчиња во чест на историскиот успех

Само 26. тенисери биле број еден откако АТП воведе ранг листа во 1973 година, и со полн респект кон останатите шампиони – никој од нив не бил толку гладен да остане на врвот како Новак Ѓоковиќ.
Ги одбиваше налетите на конкурентите со својот талент, ни покажуваше урнебесни имитации на другите тенисери, неговите родители даваа храбри предвидувања кои изгледаа невозможни, но сите се исполнија. Ја вкуси тревата од Централниот терен на Вимблдон, ги кинеше маичките како кечерите, ја тераше публиката да ја препознае неговата брилијантност, а во исто време и праќаше и бакнежи. Конкурентите ги удираше по задниците и не се извинуваше,  исто така зборуваше од срце“, пишува американскиот автор.

„Замислите колку му беше тешко прв пат да дојде на врвот на АТП ранг листата во јули 2011 година. На патот до триумфот на Австралија Опен ги победи Енди Мареј и Федерер, потоа повторно го совлада Федерер во Дубаи. Потоа на Индијан велс ги победи Федерер и Рафаел Надал, а во Мајами повторно беше подобар од Надал. Шпанецот падна и на земјените терени во Мадрид и Рим. Во таа серија од 48:1, Новак додаде и уште една победа над Надал во финалето на Вимблдон“
– Затоа и сум роден, да бидам тениски шампион – зборуваше тогаш Ѓоковиќ.
Иако Генчиќ го виде неговиот потенцијал, Ѓоковиќ не беше роден како шампион, тој се бореше да дојде на врвот.
Навистина е возбудливо кога одите по патеката на легендите, вистинските титани на овој спорт. Знаејќи дека сум го заслужил моето место меѓу нив со тоа што го следен сонот од детството е фантастична потврда дека кога нешто правите со љубов и сте максимално посветени – се е можно“, го завршува текстот Семинара токму со зборовите на Новак Ѓоковиќ.

Европските медиуми го одбележаа историскиот успех на Ѓоковиќ, признание дојде и од Швајцарците

АТП му честита на Новак со фотографија од него и сопругата во кревет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот