АТП официјално ја прекина тениската сезона

профимедиа

АТП внимателно ја следи глобалната здравствена состојба и донесува одлуки во согласност со препораките на меѓународните здравствени институции.

Наредните шест недели нема да биде одигран ниту еден тениски меч во машка конкуренција поради конаронавирусот, соопштија од АТП.

Првите луѓе се одлучија на овој чекор поради епидемијата на коронавирусот на светско ниво. До сега сите мечеви се одложени до 20 април.

– Ова не е одлука која ја донесовме лесно и претставува голема загуба за нашите турнири, играчите и навивачите ширум светот – рече еден од челниците на АТП, Андреа Гауденци.

Тоа значи дека се откажани турнирите во Мајами, Хјустон, Маракеш, Монтекарло, Барселона и Будимпешта.

АТП внимателно ја следи глобалната здравствена состојба и донесува одлуки во согласност со препораките на меѓународните здравствени институции.

Нема информација што ќе биде со женската ВТА сезона, познато е само дека финалето во Светската група на Фед купот во Будимпшета (14-19 април) е одложено, а оваа гофина нема да се одржи „Мајами Опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот