АТП: Невакцинираните тенисери ќе имаат додатни проблеми

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се големи ривали, но уште поголеми пријатели/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Првите луѓе на АТП им испратија мејл, порака до тенисерите во кој ги повикуваат на вакцинација, така што оние кои примиле две дози од вакцината против коронавирус ќе добијат дополнителни бенефиции.

– Се надеваме дека оваа информација ќе помогне во одлучувањето кај играчите кои треба да одлучат за вакцинацијата во наредните недели – соопшти АТП, а пренесува порталот „Теннис Мејџорс“.

Новинарите на овој портал имаа увид во мејлот, во кој „строго препорачуваат“ на тенисерите да бидат целосно вакцинирани.

Воедно се додава дека вакцинацијата нема да биде задолжителна, но дека АТП ќе ги почитува одлуките на владите и локалните здравствени власти.

АТП додаде дека многу земји и авиокомпании ќе бараат вакцината да стане задолжителна во иднина.

Ова се шесте точки кои објаснуваат како ќе оди процесот –

1. Невакцинираните играчи ќе се тестираат многу почесто од нивните вакцинирани колеги

2. Невакцинираните играчи ќе мора да ги сносат трошоците за дополнително тестирање

3. Вакцинираните играчи ќе бидат изземени од нарекувањето „близок контакт“ доколку некој нивен близок е позитивен

4. Невакцинираните играчи кои се позитивни на тестот пред турнирот, или кои ќе се прогласат како близок контакт со некој кој е позитивен и се принудени да се повлечат од турнирот, нема да добијат парична награда за компензација за неиграње.

5. Трошоците за изолација по позитивен тест нема да ги плати АТП

6. Транспортот за невакцинираните играчи би можел значително да се намали

ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев изјавија дека не сакаат јавно да зборуваат дали биле вакцинирани или не.

Акциите во врска со Австралија опен ќе бидат објавени подоцна кога ќе бидат потврдени протоколите за ковид во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот