АТП му честита на Новак со фотографија од него и сопругата во кревет
АТП исто така објави и видео во кое Федерер, Надал, Мареј и останати тенисери му честитаа на Новак Ѓоковиќ за соборување на рекордот во бројот на недели на првото место на ранг листата.
Новак Ѓоковиќ денеска и официјално стана тенисер со највеќе недели поминати на првото место на АТП ранг листата, а меѓу бројните честитки за историскиот успех е и таа на АТП.
Претседателот на АТП, Андреа Гауденци истакна дека многу тенисери сонуваат за тоа што го направи Ѓоковиќ.
– Успесите на Новак се неверојатни. Покрај сите рекорди, овој ќе стои како најимпресивен. Да се биде прв на светот е сон на многу тенисери, само неколкумина успеаја да ја остварат таа цел, а тоа што Новак успеа да се задржи толку долго на првото место – покажува колку го дефинираше поимот фантастичност во нашиот спорт – изјави Гауденци.
АТП потоа објави и видео во кое Рожер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј како и останатите тенисери покажаа респект кон рекордното достигнување на Ѓоковиќ.
– Навистина е неверојатно што успеа да направи Новак сиве овие години. Изгради пат да дојде до врвот – кажа меѓу другото Рожер Федерер.
– Многу работи кои ги прави Новак се неверојатни – рече Рафаел Надал.
На видеото има и колаж од фотографии и изјави на Новак Ѓоковиќ, а меѓу нив е симпатична фотографија од него и сопругата Јелена Ѓоковиќ.
– Навистина сум горда на него. Отсекогаш сакаше да биде успешен и навистина сум среќна што успеа во тоа – зборува Јелена.
ВИДЕО: Мозаик на Ѓоковиќ од тениски топчиња во чест на историскиот успех
Европските медиуми го одбележаа историскиот успех на Ѓоковиќ, признание дојде и од Швајцарците