АТП: Ѓоковиќ претставен како „Спајдермен“! (ВИДЕО)

twitter/#AusOpen

Новак Ѓоковиќ знае понекогаш во текот на тениските мечеви знае да го привлече вниманието со „акробатски“ потези, последниот го имаше на турнирот во Дубаи.

АТП на еден интересен начин го претстави потегот на најдобриот тенисер на светот во полуфиналето на турнирот во Дубаи против Французинот Гаел Монфис.

Првиот тенисер на светот во полуфиналето беше во негатива од 1:0 во сетови, спаси три меч топки и на крајот после пресврт славеше со 2:6, 7:6, 6:1.

Неговото враќање во мечот го одбележа неверојатното лизгање, кога скоро со подлогата го одигра повратниот удар.

Тој потег предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а сето тоа беше повод од АТП да објават едно интересно видео во кое Ѓоковиќ помеѓу останатото е претставен и како „Спајдермен“.

Србинот го освои турнирот во Дубаи, по петти пат во кариерата, со победа во финалето против Гркот Стефанос Циципас.

Видео на денот