АТП: Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Надал!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се доближи на чекор до Рожер Федерер на вечната листа на тенисери кои минаа најмногу време како „број 1“. Ѓоковиќ ја започна својата 293 недела на врвот на АТП ранг-листата, па сега е на чекор до Швајцарецот кој е на 310 недели.
Ѓоковиќ го остави Пит Сампрас (286) една недела зад себе, а математички го обезбеди и американскиот рекорд, бидејќи шести пат во кариерата ќе ја заврши сезоната како најдобар тенисер во светот.
Со победите на турнирот во Виена над Филип Крајиновиќ и Борна Чориќ, Ноле ја постигна посакуваната цел и ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал за 90 бодови.
Тој сега има 11.830 поени, што е за 1.980 повеќе од второпласираниот Шпанец кој има 9.850. Рафа ќе има можност да ја намали разликата со настапот на Мастерсот во Париз, кој е на програмата оваа недела.
Што се однесува до „Топ 10“, Доминик Тим остана на третото место, а го следет Федерер, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов кој изминатиот викенд триумфираше во австрискиот главен град, Диего Шварцман и Матео Беретини.