АТП: Ѓоковиќ останува на тронот, но Медведев опасно се приближува

Новак Ѓоковиќ не може да ја брани титулата на„Австралија опен“ доколку не е вакциниран/ фото EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

И покрај поразот во финалето на „УС Опен“ од Данил Медведев, Новак Ѓоковиќ ќе го задржи првото место на АТП листата (338 недели), но неговата предност се стопи.

Пласманот на првите четворица остана ист, но Ѓоковиќ сега има 1.533 бода предност пред Медведев, кој ќе има одредени шанси да заврши како број еден до крајот на годината.

Трет на листата е Гркот Стефанос Циципас, кој заостанува 2.430 поени зад Медведев. Александар Зверев и овој понеделник е на четвртото место, додека Андреј Рубљов се проби на петтото место и го подобри својот пласман за две позиции.

Рафаел Надал доживеа пад од едно место и се наоѓа на шестото место, додека за една позиција падна и Матео Беретини.

Австриецот Доминик Тим не можеше да ја одбрани титулата во Њујорк, па падна за две места и сега е осми играч во светот, додека Рожер Федерер е на деветтата позиција. Првата „десетка“ ја комплетира Норвежанецот Каспер Руд.

АТП листа –

1. Новак Ѓоковиќ 12.133 поени

2. Данил Медведев 10.780

3. Стефанос Циципас 8.350

4. Александар Зверев 7.760

5. Андреј Рубљов 6.130

6. Рафаел Надал 5.815

7. Матео Беретини 5,173

8. Доминик Тим 4.995

9. Рожер Федерер 3.765

10. Каспер Руд 3.440

Медведев: Ѓоковиќ за мене е најдобриот во историјата на тенисот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот