АТП донесе одлука: Без тенис до август

EPA-EFE/JAVIER LIZON

Од календарот „испаѓаат“ турнирите во Хамбург, Бостад, Њупорт, Лос Кабос, Гштад, Умаг, Атланта и Кицбил.

Како што официјално информираат од Асоцијацијата на тениските професионалци, продолжена е суспензијата на сите свои натпреварувања до 31 јули 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19.

Оваа одлука значи дека тенисот би можел да се врати на почетокот на август, кога на програмата е американската турнеја. Тениската сезона е во прекин уште од почетокот на март, кога беше откажан „Индијан Велс“, а челниците на врвните организации неколку пати ги поместија датумите за враќање на „белиот“ спорт, од кои последниот беше 13 јули.

Од календарот „испаѓаат“ турнирите во Хамбург, Бостад, Њупорт, Лос Кабос, Гштад, Умаг, Атланта и Кицбил. Бројни тенисери сметаат дека тешко ќе се гледа професионален тенис во 2020 година.

Здравјето и благосостојбата на тениската заедница и пошироката јавност останува наш главен приоритет, во секоја одлука што ја носиме – велат од АТП.

Турнирите што се одржуваат од 1 август 2020 година, се планираат да продолжат според објавениот распоред. Понатамошно ажурирање на календарот АТП Тур се очекува кон средината на јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот