Атомски тенис во Торино, Медведев во три сета го победи Зверев

Данил Медведев ја оствари втората победа на завшниот мастерс во Торино/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Во првиот натпревар од второто коло во црвената група на завршниот мастерс во Торино, Данил Медведев во фантастичен меч го совлада Александер Зверев во три сета и тоа со 6:3,6:7,7:6.

По две кола, рускиот тенисер има две победи, додека Зверев има половичен ефект, по една победа и пораз.
Мечот помеѓу вториот и третиот светски тенисер започна со одлична игра на Медведев кој веднаш направи брејк и поведе со 2:0 во гемови. Се одеше добро за Медведев, беше сигурен на свој сервис, притоа дозволувајќи му само една брејк шанса на Зверев која успешно ја одбрани и на крајот со 6:3 поведе со 1:0 во сетови.

За разлика од првиот сет, во вториот имаше вистинска борба и атомски тенис во режија на вториот и третиот тенисер на светот. Немаше брејк иако Медведев во три наврати се најде во позиција да го одзеде сервисот на противникот, но Зверев успеа да се одбрани за потоа во тај-брејкот да слави со 3:7 и да го израмни резултатот на 1:1 во сетови.

Во слична игра помина и третиот сет, се играше поен за поен се до новиот тај-брејк во кој сега поуспешен беше Русинот. Медведев направи четири мини брејка и на крајот славеше со 8:6 за конечен триумф од 2:1 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот