АТЛЕТИКО „ТРИЕ РАЦЕ“: Доказ дека Гризман тајно преговарал со Барса!

twitter.com/sportsusa_net

Што ли ќе каже сега Атлетико? Дека беше во право од првиот момент! Шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ објави докази, и-мејлови, дека Антоан Гризман преговарал со Барселона уште додека траеше минатата сезона.

Барса ова лето го купи Французинот така што ја исплати неговата откупна клаузула од 120 милиони евра, но челниците на Атлетико од првиот ден говореа дека Каталонците постапиле нефер и дека преговарале со играчот сред сезона.

„Ел Мундо“ објави мејлови кои ги разменуваа Гризман, неговата сестра, адвокатот и менаџерот, а на кои се гледа дека се договорија со Барселона да добијат премина од 14 милиони евра за потпис на договорот.

За тоа ништо не знаеше Атлетико, но подоцна дојде до информација дека беше вистинска „игра“ зад негов грб, поради што најавуваше поднесување на тужба против Барселона. И бара 80 милиони евра како отштета.

Во новата сезона Французинот за каталонскиот гигант во шпанската „Ла Лига“ досега има четири одиграни натпревари и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот