Атлетико Мадрид за 100 милиони евра ја купува ѕвездата на Сити

Рахим Стерлинг се наоѓа на излезни врати од „Етихад“/ фото: EPA-EFE/Julian Finney

Шпанските медиуми известуваат дека Атлетико Мадрид се подготвува за трансферот на летото.
Според „Ел Гол Дигитал“, Атлетико Мадрид во летниот преоден рок сака да го ангажира фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.
Медиумите известуваат дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола наводно дал зелено светло за продажба на Стерлинг под услов да дојде примамлива понуда, а парите од трансферот би се искористиле за нови засилувања.

Медиумите шпекулираат дека шпанскиот тим е подготвен да издвои дури 100 милиони евра за Стерлинг и да им ги помати сметките на ПСЖ и Реал Мадрид кои исто така пројавуваат интерес за англискиот репрезентативец.
Парите би се собрале од продажба на неколку фудбалери, а најголемата сума би била од Витоло за кого сериозен интерес пројавува Вест Хем, а не е исклучено да биде продаден и најскапиот играч во клупската историја, Жоао Феликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот