Атлетико Мадрид последен патник во осминафиналето на ЛШ

twitter/UEFA Champions League

Атлетико Мадрид е последната екипа која обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на „Ванда Метрополитано“ со 2:0 го совлада рускиот Локомотив Москва.
Атлетико уште во втората минута можеше да поведе со 1:0 откако по несмасниот старт на Коченков, судијата Касаи досуди пенал. Киеран Трипие ја погоди само стативата, па затоа вториот пенал во 17. минута го изведе најскапото клупско засилување, Жоао Феликс и успеа да погоди.
Шпанците победата која им ја донесе втората позиција на табелата, ја заверија во второто полувреме со голот на Алваро Мората.

Баер Леверкузен остана со празни раце во групата Д, бидејќи за второто место му беше потребен кикс на Атлетико. Згора на тоа „фармацевтите“ загубија со 0:2 од Јувентус со головитге на Кристијано Роналдо во 75. минута и Гонзало Игуаин во 92. минута.

Дербито на вечерта се играше на „Алијанц“ Арената во Минхен каде Баерн со 3:1 го совлада Тотенхем и му го нанесе првиот пораз на Мурињо на клупата на англискиот тим во ЛШ. Баерн го отвори резултатот во 14. минута со голот на Кингсли Коман, а гостите од Лондон шест минути подоцна преку Сесењон израмнија.

До крајот на полувремето, Томас Милер носи предност за „баварците“ кои во 64. минута и голот на Фелипе Кутињо ја обезбедија победата и првото место.

Црвена звезда е најголем трагичар во вечерашните натпревари бидејќи во дуелот со Олимпијакос прими гол во 87. и остана без европска пролет.

Резултати:
ГРУПА А
ПСЖ – Галатасарај 5:0
Бриж – Реал Мадрид 1:3

ТАБЕЛА
1. ПСЖ 16
2. Реал Мадрид 11
3. Бриж 3
4. Галатасарај 2

ГРУПА Б
Баерн – Тотенхем 3:1
Олимпијакос – Црвена звезда 1:0

ТАБЕЛА
1. Баерн 18
2. Тотенхем 10
3. Олимпијакос 4
4. Црвена Звезда 3

ГРУПА Ц
Динамо – Манчестер сити 1:4
Шахтјор – Аталанта 0:3

ТАБЕЛА
1. Манчестер сити 14
2. Аталанта 7
3. Шахтјор 6
4. Динамо 5

ГРУПА Х
Атлетико Мадрид – Локомотив 2:0
Баер Леверкузен – Јувентус 0:2

ТАБЕЛА
1. Јувентус 16
2. Атлетико Мадрид 10
3. Баер Леверкузен 6
4. Локомотив 3

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот