Атлетико Мадрид ја најде замената за Луис Суарез!?

Дарвин Нуњез од Бенфика е „мета“ на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Во неделата Луис Суарез се збогуваше со навивачите на Атлетико Мадрид на натпреварот од шпанската „Ла Лига“ против Севиља.

Атлетико Мадрид веќе најде замена за Суарез, а интересно можно е новиот напаѓач повторно да биде Уругвааец.

„Јорганџиите“ работат на трансферот на досегашниот играч на Бенфика, Дарвин Нуњез (22), кој е главната цел на шпанскиот клуб ова лето, пренесува новинарот и стручњак за трансфери Николо Скира.

Атлетико го гледа Нуњез како замена за уругвајскиот ветеран Суарез, кој одлучи да ја напушти „Ванда Метрополитано“. Мадрид веќе влезе во преговори со агентот на младиот талент Жорге Мендеш, додава Скира. За својот голгетер од Бенфика ќе бараат најмалку 70 милиони евра, пишува новинарот.

Нуњез има 34 гола на 41 натпревар за „орлите“ од Лисабон во сите натпреварувања оваа сезона. „Трансфермаркт“ го проценува тинејџерот на Пенарол го проценува на 40 милиони евра.

Видео на денот