Атлетико Мадрид експресно ја одби понудата на Барселона да го врати Гризман

EPA-EFE/Alejandro Garcia

Насловната страница на „Марка“ донесе екслузивна вест дека Барселона и нејзиниот претседателот не знаат што прават во последните денови откако Меси побара раскин на договорот.

Имено, „Марка“ објави дека Барселона му понудила на Атлетико Мадрид размена, да го врати Антоан Гризман во замена за Жоао Феликс.
По само една сезона во Барселона и игра која е далеку од посакуваната, челниците на клубот се незадоволни од фанцускиот репрезентативец.

Гризман не ја оправда платата од 23 милиони евра како и 120. милиони евра кои ги плати Барселона за него, па сега се обиде да го врати во Атлетико Мадрид и притоа да се обиде да добие играч кој може да биде иднина на клубот.

Жоао Феликс/twitter/Atlético de Madrid

Барселона на Атлетико му понуди размена Гризман за Жоао Феликс, но тимот од Мадрид експредно ја одби понудата.
Претседателот на Атлетико, Мигел Анхел Гил Марин, нема намера да се откаже од младиот Португалец, но желбата да го врати Гризман е голема и на колегата од Барселона му достави контра понуда, Томас Лемар и Диего Коста.

Овој пат ваквата понуда експресно е одбиена од страна на првиот човек на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу.

Ентонан Гризман минатата сезона одигра 48 натпревари за Барселона на кои постигна 15 гола што е премалку за засилување вредно 120 милиони евра. Жоао Феликс го чинеше Атлетико Мадрид шест милиони евра повеќе, а даде само девет гола на 36 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот