Атлетико го промовираше најскапото засилување во историјата (ФОТО)

EPA-EFE/OCTAVIO PASSOS

Шпанскиот клуб не размислуваше многу, ја активираше откупната клаузула од 126 милиони евра и прв дојде до 19-годишниот Феликс.

Феликс е најскапото засилување во историјата на клубот и воедно се оствари нов рекорд во Шпанија.

Овој фудбалер потпиша договор на седум години, во сите натпреварувања за Бенфика постигна 20 голови на 43 мечеви.

Феликс стана најскапиот Португалец, надминувајќи го Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус за 117 милиони евра.

Ова е петти најскап договор во историјата на фудбалот по оние на Нејмар, Килијан Мабе, Филипе Кутињо и Усман Дембеле.

„Јорганџиите“ денеска заработија 70 милиони евра, колку што Манчестер сити одвои за Родри, а во Мадрид дојдоа стоперот Фелипе од Порто и Ектор Ерера од Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот