Атлетико го гледа Депај како замена за Жоао Феликс

фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Жоао Феликс отпатува во Лондон за да потпише договор со Челзи, „сините“ ќе одвојат 11 милиони евра за шестмесечна позајмица и ќе ги исполнат барањата на Атлетико.

Тренерот на мадридскиот клуб, Диего Симеоне е во потрага по нов напаѓач, моментно ги има Алваро Мората и Антоан Гризман, а како единствена алтернатива е само Анхел Кореа.

„Јорганџиите“ сакаат да трошат што е можно поевтино и се свртеа кон своите стари „партнери“ – Барселона.

Атлетико како замена за португалскиот напаѓач го гледа Мемфис Депај. Холанѓанецот не е во плановите на Чави, има висока плата и позајмица би ги решила проблемите на двата шпански клуба.

Доколку двата тима постигнат договор, Мемфис Депај би тргнал по патот на Луис Гарсија, Тиаго Мота, Давид Виља, Арда Туран, Антоан Гризман и Луис Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот