Атлетико брка светски рекорд, одбиени 130 милиони евра за Жоао Феликс

Жоао Феликс, фудбалерот на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Mariscal

Атлетико Мадрид одби 130 милиони евра за Жоао Феликс, колку што понуди Манчестер јунајтед. „Ас“ пишува дека тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне сака да ги задржи најголемите ѕвезди, вклучувајќи го и 22-годишниот офанзивец Феликс, кој во 2019 година беше доведен од Бенфика за 127 милиони евра.

Атлетико му ја посочи на Јунајтед излезната клаузула на Португалецот, според која тој може да го напушти клубот само доколку некој плати 350 милиони евра.

Доколку Јунајтед ја активира клаузулата, тоа би бил најголемиот трансфер во историјата. Рекордот го држи Нејмар кој од Барселона во ПСЖ во 2017 година се пресели за 222 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека Феликс е среќен во Атлетико и свесен дека сега му е најдоброто време по периодот на прилагодување.

Минатата сезона забележа 35 настапи за шпанскиот клуб, постигна 10 голови и запиша шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот