Атлетик Билбао за 14 дена може двапати да го освои Кралскиот куп

Фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Иако по првиот натпревар Леванте имаше активен резултат 1:1 против Атлетик Билбао, на крајот не успеа да обезбеди финале во Кралскиот куп.

Вечерва на реванш средбата во Валенсија исто така после регуларните 90 минути беше 1:1, а вториот полуфиналист во натпреварувањето го дознавме по двете продолженија.

Мечот одлично започна за домаќините со водство од 17 минута преку Рожер после асистенцијата на Рочина. Израмнувањето дојде после половина час игра кога сигурен од белата точка беше Гарсија.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целото второ полувреме и додатните 30 минути. Клучниот момент се случи во второто продолжение, поточно во 112 минута кога Беренгер шутираше, а топката заврши во мрежата откако удри во еден од дефанзивците и така го измами голманот за голема радост на Атлетик Билбао.

Така, играчите на тренерот Марселино за период од две недели имаат шанса двапати да го освојат трофејот во Кралскиот куп.

На 3 април во Севиља ќе игра во финалето (за минатата сезона 2019/2020) против Реал Сосиедад, а на 20 април (тековна сезона 2020/21) на истиот терен ќе се соочи во завршната битка против Барселона која вчера ја елиминираше екипата на Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот