Атланта дојде на само една победа од пласман во следната рунда

Тре Јанг е импресиониран од Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Атланта хоукс се наоѓаат пред пласман во следната рунда од плеј-офот во Источната конференција откако во четвртиот натпревар во плеј-оф серијата со 113:96 го совлада Њујорк никс и поведе со 3:1 во победи.

Тимот на Њујорк беше рамноправен противник само во првото полувреме, никси дури ја добија првата четвртина со 25:26. Но, како одминуваше времето така играчите на Атланта го креваа темпото на игра и на одмор заминаа со четири поени предност (53:49).

Дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина која Атланта ја доби со 35:22 и на влезот во последната четвртина имаа 17 поени предност кои им дозволија мирна завршница.
Тре јанг повторно беше најдобар во тимот на Атланта со 27 поени, а одлична партија прикажаа и Колинс со 22 и Галинари со 21 поени. Кај Њујорк најдобри беа Џулиус Рендл со 23 поени и Р.Џ. Берет со 21 поен.
Петтиот натпревар ќе се игра во ноќта помеѓу среда и четврток во „Медисон Сквер Гарден“ во Њуојорк и доколку слави Атланта ќе обезбеди пламсан во следната рунда од плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот