АТИНА СЕ ГУШИ ВО ЃУБРЕ: И оваа година штрајкови на комуналците ја парализираа грчката престолнина
Работници на комунални служби во Атина започнале низа на штрајкови поради кои почнало да се собира ѓубре на улиците во градниот град во Грција.
Синдикатите денеска најавиле почеток на протестна кампања. Тие се против плановите на новата конзервативна влада да ги промени правилата за штрајк и да ги прошири улогите на приватниот сектор во давање на комунални услуги.
Штрајковите кои се планирани за следната недела треба да спречат големата количина ја ѓубре да го попречи јавниот сообраќај.
Неколку синдикати планираат маршови во Атина и други градови. Од друга страна, градската управа ги повика жителите на Атина да ја ограничат количината на ѓубре додека не прекинат протестите.
Greece: Garbage piles up in Athens amid strikes | Daily Mail Online https://t.co/90kGrEwSA3
— Filtered News (@filterednews) October 21, 2019