Атина преговара за намалување на целите на буџетскиот суфицит од 2020 година

Илустрација банкомат / Фото Архива

Грчкиот министер за финансии Христос Стајкурас рече дека земјата веќе започнала преговори со партнерите од Европската унија за да ги намали своите примарни буџетски суфицити до 2020 година.

– Планот на премиерот и неговиот тим за финансии е да ги создаде, чекор по чекор, сите потребни услови за да се постигне целта за 2020 година (намалување на вишокот) – рече Стајкурас.

Според него, Грција ќе мора да покаже дека е сериозна и посветена, продолжувајќи да ја спроведува реформската политика во контекст на буџетската дисциплина.

– Веќе разговараме за ова клучно прашање со нашите партнери и доверители. Се поставуваат услови за пореални цели – рече Стајкурас.

Тој додаде дека владата е уверена дека ќе има можност за намалување на даноците во 2020 година, под услов економијата да расте и земјата се движи кон економска нормализација.

Министерот исто така рече дека очекува Грција да се врати на инвестициското ниво на својот кредитен рејтинг до крајот на 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот