Атина погодена од невремето „Илиас“

невреме во атина
Невреме во Атина / EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата.

Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и молњи, прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои населби, но засега, без поплавени улици.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за државната телевизија ЕРТ истакна дека противпожарните сили се подготвени, доколку е потребно да интервенираат.

Говорејќи за грчките телевизии префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина Јоргос Патулис соопшти дека училиштата ќе останат затворени, но подоцна тој за ЕРТ објасни дека сепак ќе работат регуларно, а секоја од општините може локално да донесе одлука за наставата, во случај да постојат проблеми.

Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена предупредувачка порака до жителите на Атика, централна Грција и делови од Пелопонез за опасни временски појави и беше побарано за денешниот ден да ги ограничат непотребните движења и патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот