Атила Бижен Жалили е новиот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар
Фудбалскиот клуб Вардар во продолжение го пренесува соопштението на новиот сопственик на 85% од акциите на клубот, Атила Бижен Жалили.
– Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 07.10.2024 година, според претходно потпишан договор, преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје од страна на менаџментот на мојата компанија.
Со нашето долгогодишно искуство во управување со фудбалски гиганти и соработка со десетина познати фудбалски клубови од Европа, ќе овозможиме брзо финансиско, организациско и резултатско консолидирање на овој најголем спортски бренд во Македонија.
Во последните неколку години, покрај бизнисите што ги имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од централна Европа или од Балканот. Имавме неколку опции на располагање. Но, благодарение на упорноста и аргументите кои ни ги презентираше Миленко Неделковски, се одлучивме за најголемиот спортски бренд во Македонија. Да го направиме Вардар повторно голем. Со почит – се вели во соопштението на Жалили.