Атиџе стави свој потпис на постерот за „Медена земја“ во Холивуд

„Како на пасош“, ѝ вели Љума на Атиџе.

Самир Љума, еден од двајцата сниматели на „Медена земја“, на социјалните мрежи објави видео од Атиџе Муратова, на кое што таа се става автограм на постер од филмот.  Освен неа, на постерот се потпишани и останатите членови на екипата, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев.

Снимката стана вирална и ги придоби симпатиите на публиката.

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот