Атентаторот на Шинзо Абе бил гневен на секта што го поддржувала бившиот премиер

Фото: EPA-EFE/The Asahi Shimbun

Човекот обвинет за атентатот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе ѝ кажал на полицијата дека се обидел да направи бомба, објавија јапонски медиуми повикувајќи се на истражни извори.

Тецуја Јамагами (41), кој го застрела Абе со рачно изработен пиштол од непосредна близина за време на говор во предизборната кампања, им кажал на полицајците дека направил повеќе видови оружје.

Полицијата го пребарала неговиот дом во западниот град Нара, конфискувајќи пиштоли слични на оној пронајден на местото на настанот откако Абе беше застрелан во петокот. Обвинетиот по апсењето рекол дека дејствувал од омраза кон религиозна група која го поддржува Абе, се вели во извештаите. Според него, неговата мајка донирала големи суми на верска организација, која „ја уништила“.

Ниту полицијата, ниту јапонските државни медиуми сѐ уште не ја именуваат групата. Меѓутоа, онлајн магазинот „Gendai Business“ сега тврди дека од неименувани извори дека станува збор за контроверзната Црква за обединување на покојниот јужнокорејски верски и деловен водач Сан Мјунг Мун.

Позната и како Секта на Месечината, Црквата на обединување има членови во многу земји, вклучително и Јапонија, и е основана од Мун во 1954 година. Институцијата привлече критики за аспирациите за светска доминација и систематското организирање на нејзините масовни свадби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот