Ателјеата во тетовскиот Центар за култура во лоша состојба, новиот директор најавува повеќе ред и дисциплина

фото миа

Освен што нема струја на третиот кат во тетовскиот центар за култура, сите простории се и нефункционални и во речиси руинирана состојба. Двете поголеми простории кои се ателјеа за уметничка работа се полни со расфрлани отпадоци, отпушоци од цигари, оштетен инвентар, ѕидови, врати и прозорци.  Исто така не функционираат тоалетите. Ваквата запуштена состојба ја затекнал и Арлинд Хусеини, кој пред еден месец стана директор на оваа установа. 

-При првичната ревизија на состојбите утврдив дека станува збор за неколку лица кои ги користеле овие простории и за кои не се водело грижа. Воедно тие простории се користеле по сопствена волја на неколкумина поединци без соодветна дозвола, работно време и согласност од раководството на центарот, објаснува Арлинд Хусеини.

Како што веќе информиравме Центарот предвидува реконструкција на покривната конструкција, а директорот сака да се најдат средства за да се среди проблемот со струјата на третиот кат како и неговата функционалност.

-Ќе барам повеќе средства да се обезбедат за да се уреди целиот кат и да се оспособи неговата функционалност. Воедно сметам дека ќе треба да се воведе повеќе ред и дисциплина во користењето на ателјеата. Односно секој кој сака да ги користи просториите да побара согласност, да се воведе распоред и начин на кој може да се користат ателјеата, да се почитува работното време во центарот и слични работи со кои ќе воведеме повеќе ред и дисциплина во функционирањето, објаснува Арлинд Хусеини.

Според плановите на Хусеини во иднина ќе се работи и на преуредување на просториите на другите катови со цел да се овозможи вработените во Центарот да добијат соодветни канцеларии. Во рамки на систематизацијата кај вработените има четири унапредувања и ново вработување на позицијата кустос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот