Атанасовски: Повиците за бојкот на пописот се антидржавен чин

Според политикологот Благојче Атанасовски, спроведувањето на пописот е неопходно и, како што вели, државата веќе има искуство со организирање масовни операции во услови на пандемија со коронавирус. Атанасовски смета дека повиците за неотворање врата се антидржавен чин, а самиот бојкот како инструмент започнале да го користат силите со безидејна политика.

-Мора да се направи оваа рентген-слика на нашето општество, особено поради масовното иселување. Потребни ни се податоците за демографските особености за да се проектира идниот развој, а критикувани бевме и во европските извештаи. Доколку се запазуваат сите мерки и протоколи нема да дојде до нагло зголемување на бројката на заразени, а тоа ни го покажа и добрата организација на минатогодишните предвремени парламентарни избори, оценува Атанасовски.

Тој сепак додава дека е голема веројатноста некоја од политичките сили да не ги признае резултатите од попишувањето и прогнозира дека тоа ќе се партиите од албанската опозиција, но не би го изненадило ваквиот потег да го направи и владејачката партија ДУИ.

-Што се однесува до сите политички опозициски сили кои повикуваат на бојкотирање на пописот, треба да се запрашаат што би сториле тие доколку се на власт? Како ќе постапат доколку тоашната опозиција реши да им го бојкотирање спреоведувањето на оваа статистичка операција? До кога ќе се вртиме во круг, прашува Атанасовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот