Атанасовски: Малку луѓе сакаат да работат новинарска фотографија, има по некој млад се појавуваат и би било убаво да не заменат (ВИДЕО)

Фоторепортерска професија е жива и во моментов околу 10-15 фоторепортери се активни во весниците и порталите. Се појавуваат по еден двајца млади фоторепортери кои се надеваме ќе ги наследат постарите, вели долгогодишниот фоторепортер Роберт Атанасовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Професијата е жива, ние секогаш сме биле малку, сега се помалку, во некои весници и по некој портал…работиме околу 10-15 луѓе. Нема некој голем интерес. Малку луѓе сакаат да работат новинарска фотографија, има по некој млад се појавуваат и би било убаво да не заменат, вели Атанасовски.

Во кругот на фоторепортерите, Атанасовски вели, четворица работат и за странски медиуми, односно во Ројтерс, АП, Франс Прес и ЕПА.

Надвор, брзината на фотографијата е важна поради конкуренцијата, но кај нас, вели долгогодишниот фоторепортер, во секторот се знае кој за кого фотографира.

Тој очекува изборите кои следат малку да ја динамизираат нивната работа, бидејќи изминативе три месеци фоторепортерите фотографираа теми поврзани со корона вирусот.

-Кога нема настани, сами си го бркаме настанот за генералната тема. Бараш некоја фотографија и сам ја наоѓаш фотографијата. Ќе има секако повеќе работа со изборите. И вака има работа, но се е врзано со корона вирусот, сега со изборите работите ќе живнат во некој друг контекст, вели Атансовски.

Според него, технологијата со паметните телефони се уште не е на исто ниво со квалитетот на професионалните фотоапарати, но вели, брзо ќе се случи и тоа поради брзиот раст на технологијата.

-[Фотографиите] уште не се подеднакво квалитетни, тоа е добрата работа, но тоа набрзо ќе дојде со технологијата. Сега сите се фоторепортери, едноставно конкуренцијата е поголема, но се уште професионалната фотографија е доминантна.  Се изгуби малку шармот можеби за разлика од развивањето филм кога требаше да се погоди експозицијата. Сега можеш да направиш стотина фотографии и да бираш која ти треба. Порано немаше простор за грешка, потенцира Атанасовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот