Атанасова, поранешен шеф на кабинетот на Филипче: Колективен имунитет или руски рулет со животот на граѓаните во Шведска

Бојана Атанасова, магистер по јавно здравје и поранешен шеф на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата во Шведска.

–Властите во Шведска се многу критикувани во изминативе неколку дена за опуштениот пристап околу коронавирусот. Но ете времето ќе покаже дали одлучиле правилно или не. Состојбата вчера беше 5.000 заразени, 394 на интензивна нега и 293 смртни случаи. Ова го зборувам на популација од 10 милиони жители и може не изгледа како голема бројка, но мора да се има на ум дека можно е да има многу повеќе заразени. Шведска се одлучи да не ги тестира сите граѓани, како што се препораките на СЗО. Туку до тестирање се доаѓа многу тешко. Само со сериозни симптоми и ако има потреба од хоспитализација, изјави Атанасова.

Таа кажа дека шведскиот премиер имал видео обраќање до граѓаните да ги почитуваат препораките.

–Овде граѓаните ги почитуваат препораките и иако навидум се изгледа нормално и сите ресторани, барови, ски центрите се отворени, угледни медиуми јавуваат дека ова наликува на огромен експеримент и се оди дотаму да се нарече руски рулет со животите. Оваа земја се одлучи за градење на колетивен имунитет. Старите и хронично болни да останат дома, додека останатите да продолжат со тоа што значи нормално функционирање во општеството, додава Атанасова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот