Атанасов влезе во историјата на макбаскетот како најмлад тренер со шампионски трофеј

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Оваа сезона МЗТ Скопје Аеродром ја почнав со Александар Петровиќ на клупата, кратко време на неа седеше Драган Николиќ. Но, екипата кон јубилејната 10 титула ја однесе – Васко Атанасов.

Атанасов влезе во историјата на макбаскетот како најмлад тренер со шампионски прстен и тоа со 29 години и два месеци.

– Радоста е голема, титулата го потврди нашиот квалитет и е награда за сиот труд вложен на стотиците тренинзи почнувајќи од август. Верувавме во себе, го анализиравме секој противник, поставувавме посебна игра со цел да му ги искористиме слабостите и на крајот дојдовме до целта. Заслугите за овој успех се буквално на сите во клубот, од прв до последен. Имам огромна благодарност за кошаркарите, за трудот и за вербата што ја имаа и за моите соработници од стручниот штаб, секако и за управата без која ништо немаше да биде возможно. Вложивме голем труд и сега заслужено треба да прославиме – рече Атанасов.

фото: kfsm.mk

За капитенот на екипата Дамјан Стојановски, со својот клуб во „сино-белиот“ дрес ја освои осмата шампионска титула во неговата богата кариера.

Репрезентативецот на Македонија вели дека тој и неговите соиграчи знаеја што им треба за да ја освојат третата победа во оваа финална плејоф низа, за да ја запечатат двојната круна во домашното првенство, по освојување на државниот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ пред неколку месеци.

– Знаевме дека само со добра одбрана можеме да стигнеме до победа и до титулата, особено против тим кој е доста силен во тој аспект. Ги оправдавме очекувањата во домашното првенство со врзување на двојната круна, но не успеавме да ги израдуваме нашите навивачи со АБА лигата. Со седум победи испаднавме, мислам дека требаше на уште некој натпревар на победиме за да играме и наредната сезона, но тоа е што е – вели Стојановски.

Играчот на МЗТ одговори и на прашањето во врска со иднината на мак-баскетот од негова гледна точка.

– Во Македонија секогаш имало и ќе има. Сите клубови во Македонија мораат да им обрнат внимание на младите играчи, мораат да им дадат шанса пред сè, и да ги истрпат тие неколку порази за да биде што поквалитетно домашното првенство во иднината како и репрезентацијата – се зборовите на Стојановски.

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 10 шампионска титула

ФОТО: Играчот на МЗТ Војдан Стојановски прогласен за МВП во финалната серија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот