Атанасов: Јанкуловски на незаконски и шверцерски начин се обидува да добие втор мандат за ректор (ВИДЕО)

Според Законот за високо образование има два датуми за избор на нов ректор. Најдоцна мора да се избере до 15 јуни, а постапката да започне април-мај. Но, бидејќи има вонредна состојба во која се вели дека додека таа трае не смее да се продолжуваат постапките кои започнале претходно. Вонредната состојба завршува во сабота, а сегашниот ректор Јанкулоивски постапката ја започнува додека Владината уредба не ја дава оваа можност. Истовремено нарушува неколку клучни точки во самиот механизам на избор и работи против законски, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ поранешниот заменик министер за образование и наука Петар Атанасов за последните случувања околу изборот на новиот ректор на УКИМ.

–Ректорот Јанкуловски веќе две години не ја почитува надлежноста или позицијата претседавач на Совет кој според новиот Закон за високо образование треба да биде од редот на сенаторите. Јанкуловски си остана на таа позиција и ги прави овие дејствија со кои всушност создава судир на интереси, вели Атанасов.

Со непочитување на статутарните одлуки, сето ова изгледа на насилнички обид за избор на ректор.

-Имено тој е ректор, претседавач со Сенатот и кандидат за втор мандат за ректор. Во сите овие активности прави и процедурални прекршоци со тоа што најавува дека процедурите, програмата, најавата за новите кандидати за ректор ќе трае само 5 дена. Но, позицијата ректор е повисока од позицијата декан, а во законот за позицијата декан програма и документи се даваат во рок од 30 дена.

Она што го видовме на седницата на Сенат е непроцедурално, нестатутарно избирање на комисија, горе доле во една регуларна постапка, но со сите аномолаии. Беше тажно да се гледа Сенатот на УКИМ како 7-8 саати беше малтретиран од страна на ректорот дека мора да се избере Комисија во момент кога уредбата на Владата тоа не го дозволува. Јанкуловски не ги почитува ниту статутарните одлуки, ниту законот и сето ова личи на обид за насилнички избор на ректор и шверцерски обид во матна вода да се добие мандат, вели Атанасов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот