Атанасов: Исплатени субвенции од над 27 милиони денари на над 7.000 сточари

Фото: Миа

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој појасни дека Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства.

„Ова се нови успеси во сточарството. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија“, рече Атанасов.

Тој кажа дека зголемена субвенција добиваат сите фармери кои земале субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, за женски приплодни грла на маторици и за директни плаќања за презимени пчелини семејства.

Со зголемување на добиточниот фонд во државата, рече Атанасов, се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед, и е важен инпут во развојот на месната и млечната индустрија.

Тој кажа дека од јуни 2017-та година досега се исплатени 346,3 милиони евра вкупно за субвенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот