Атанасов: Антраксот не е нова болест и е под контрола

Фото: Миа

Појавата на антракс не е ништо ново, ниту невообичаено. И досега во земјава болеста била регистрирана. Присутна е тука со децении. Нема потреба да се шири паника и да се сее страв кај граѓаните, а уште помалку да се прави сензација, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Атанасов на прес-конференција нагласи дека нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе. Во селото Долно Строгомиште, општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени, спалени и нештетно отстранети. Кај уште четири угинати овци се уште се вршат анализи за потврда на болеста.

– Во земјава има 22 т.н. дистрикти во кои антраксот досега бил детектиран. И Долно Строгомиште сега спаѓа во оваа бројка од 22 области каде континуирано се преземаат стандардните мерки што, меѓу другото, подразбира и задолжителна вакцинација најмалку 20 години, истакна директорот.

Сепак, и покрај вакцинацијата, додаде, не е исклучена можноста од појава на болеста.

– За последниот случај во Долно Строгомиште резултатите од лабораториските анализи беа готови на седми август. Веднаш се излезе на терен и се спроведоа вообичаените мерки. Сакам да потенцирам дека ситуацијата е стандардна, не е ништо вонредно. Не треба да се бара сензација во целата оваа работа. Болеста е присутна тука со децении. Не може за секој откриен случај да излегуваме и да објавуваме. И бруцелоза имаме, исто е зоонозна болест. Секој ден откриваме нови случаи. Секој ден ли треба да излегуваме и да кажуваме, кога се знае дека има бруцелоза?, подвлече Атанасов.

Објасни дека антраксот е бактерија која се пренесува преку спорите. Тие се многу отпорни и во почвата може да преживеат долго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот