12 C
Скопје

Атанасоски за „Слободен печат“: Изборите во Бугарија не менуваат ништо

Пет политички партии сигурно ќе влезат во идниот бугарски парламент, покажува најновата анкета на јавното мислење во Бугарија пред изборите на 5 април, но, според аналитичарот Благојче Атанасоски, кој и да ја предводи идната влада, тоа нема многу да влијае на односите со Македонија.

Води ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов за кого би гласале 27, 6 отсто од гласачите, потоа е опозициската Бугарска социјалистичка партија со поддршка од 24,9 отсто, па растечката „Има таков народ“ на шоуменот и радикал Слави Трифонов со 11,8. Партијата на Турците ДПС има поддршка од 10,3 осто, а потоа е Демократска Бугарија со 6 отсто. Цензусот за влез во парламентот е 4 отсто и според агенцијата „Тренд“ која го правела истражувањето, овие пет партии сигурно ќе освојат пратеници, а шанса имаат и Исправи се.бг со рејтинг од 4,1 отсто и коалицијата „Обединети патриоти“ во која е ВМРО-БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов, со 4 отсто.

Прочитајте и...  БиХ од април се приклучува на „Турски тек“

Според Атанасоски, партиско-политичкиот став кон македонското прашање во Бугарија е непроменет во минатите три децении, а влече корени од времето на комунистичкиот лидерТодор Живков и кој и да победи таму на изборите на 5 април, тоа нема да промени ништо.  

– За жал, во Бугарија може да се смени се, но перцепцијата кон Македонија, нејзиниот јазик и нејзината историја до 1944 година – не! Од сите партии што се очекува да го поминат изборниот цензус и да бидат претставени во новото Народно собрание, нема ниту една со принципиелен став за ненегирање на македонскиот атрибут, во сите негови изведени форми! Има разлика само во тонот, вербалната реторика и дрскоста во изјавите. Обединетите патриоти се најрадикални, што го чувствуваме на својата кожа, но радикални се и јастребите на ГЕРБ како министерката Екатерина Захариева и европратеникот Андреј Ковачев. Слави Трифунов, кој ќе биде можеби и фактор при создавањето на идната коалициска влада е ултра популарна јавна личност со исклучително негаторски став кон Македонија! Единствено само левицата предводена од БСП и центристичката коалиција Демократична Бугарија може да имаат поблаг дипломатски и реторички пристап, да не даваат официјални навредливи тонови, т.е да користат културна дипломатска реторика, но и тие се на истата линија на добропознатите официјални бугарски ставови кои се застапени и во медиумите и во научните кругови (БАН). Исклучок се десетици универзитетски професори и писатели кои ги признаваат македонските позиции, но тие се маргинализирани за жал, со незначителен инпут – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  Исламските екстремисти убија девет цивили во Мали

Пред една недела министерката за надворешни работи Захариева рече дека како никогаш досега во бугарскиот парламент има консензус за односите со Македонија што за неа е чудо, затоа што било реткост да се толку едногласни за што било, а сличен став имало и целото бугарско општество. Захариева рече дека е погрешна идејата што се негува во Македонија дека нешто ќе се промени по изборите и додаде дека ако се промени, ќе биде на полошо.

Поврзани вести

МЗ: Демант на пресконференцијата на Милошоски – Постапката не е завршена

Слободен печат

Лавров: Ќе им одговориме на САД ако воведат санкции кон Русија

Слободен печат

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациенти, а вкупно се лекуваaт 297 болни

Слободен печат

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 425 пациенти, слободни кревети има

Слободен печат

Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Слободен печат

Бочварски: Сакаме поширока дискусија за носење на новиот закон за легализација на дивоградбите

Слободен печат

Остави Коментар