Атанасоски: Од кога е потпишан Договорот за добрососедство, не можеме да разговараме без заканувачки тонови од бугарската страна

Благојче Атанасоски, Фото: Принтскрин - Утрински брифинг

Политикологот и историчар Благојче Атанасоски гостуваше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ каде зборуваше за актуелната тема за преговорите со Бугарија во врска со историските прашања.

–Бугарија сметам дека се чувствува силна, после решавањето на апсурдниот спор со името, и условува со користење на инструментот вето. Нивната теза и историографија се темели дека сите македонски дејци се за ослободување на Македонија и припојување кон Бугарија.

Како што имам информации, нашиот главен преговарач во комисијата за решавање на идентитетски и историски настани, проф. Драган Георгиев, на средбата во Охрид дал предлог и прифатил ние да го чествуваме Гоце Делчев заеднички и да прифатиме дека тој е е дел од меморискиот национален код и на Македонија и на Бугарија, вели Атанасоски.

Бугарите не се согласиле околу предлогот двете држави да го чествуваат Делчев, бидејќи тие сакаат да прифатиме дека тој бил етнички Бугарин.

-Имено, доколку Бугарите сметаат дека тој е вреден за чествување во нивната држава да си го чествуваат како Бугарин, а ние како Македонец. Но, како што имам информации Бугарите не се сложиле околу овој предлог и изричито инсистирале ние да прифатиме дека Гоце Делчев бил Етнички Бугарин. Дури сметам и дека е попуштање од наша страна да ние прифатие дека некој деец кој се борел на територијата на Македонија да биде чествуван и во друга држава, вели Атанасоски и додава дека наметнувањето јазикот да го именувате различно од македонски, сите дејци да бидат наметната како етнички Бугари е неприфатливо и со оваа политика смета дека тензиите и нервозата може да се зголемат токму околу овие прашања.

Договорот за добрососедство не ги намали заканувачките тонови од бугарска страна.

-Јас секогаш сум говорел дека сите спорови се поминорни во однос на патот кој ги спојува Скопје и Софија. Значи треба да се создаде позитивна клима меѓу двете држави и народи. Договорот е бизарно наречен „Договор за пријателство и добрососедство, бидејќи од првиот момент кога е потпишан ние не можеме да седнеме како нормални пријатели и соседи и да разговараме без да има иритирачки и заканувачки тонови од бугарската страна.

Јас гледам добра волја кај нашиот преговарачки тим. Нашите историчари, па и поранешниот премиер Заев и министерот за надворешни работи Димитров гледале во рамките да не даваат изјави со кои би ја „иритирале“ бугарската страна, но од друга страна јас кај Карачанов, Захариева и Борисов гледам тонови со кои како да се сака намерно да се изиритира македонското општество.

Тој Договор не мора да значи ништо ако ние одиме во насока на раздразнување на преговорите, на одвојување на точките кои што може да не сврзат и на крајот ништо да не постигме или што е пострашно уште повеќе да ги затегнеме односите и да влеземе во судир со Бугарите каде тие би сакале да стават рампа или вето на нашите евро-пристапни преговори, а со тоа Бугарија да стане „првиот непријател на македонскиот народ и македонската држава“, а тоа до сега била Грција., вели политикологот и историчар Благојче Атанасоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот