Атанасоски: Меѓуетничките коалиции, ќе ја намалат етничката поларизација меѓу партиите

Благојче Атанасоски
Благојче Атанасоски. / Фото: Архива на Слободен печат

Во мултиетничка земја, како нашата, особено кога станува збор за локални избори, при мнозински избор на градоначалник, меѓуетничките коалиции, не само што се очекувани, туку се и пожелни пред изборите, бидејќи етнохомогенизацијата на гласачкото тело кај нас, не дозволува на пример да се избере етнички Македонец градоначалник на Тетово, или пак етнички Албанец за градоначалник на Куманово, вели  политикологот Благојче Атанасоски, коментирајќи ја предизборната коалиција за локалните избори на 17 октомври меѓу СДСМ, ДУИ, Движењето БЕСА и ДПА, како и предизборната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците – Aлтернативa.

Ние сме многу далеку од развиените држави, каде што граѓаните идеолошки ќе бираат кандидат за градоначалник, а не етнопартиски. Сепак, овие предизборни меѓуетнички коалиции, се и добредојдени бидејќи ќе ја намалат етничката поларизација меѓу партиите прво, и второ нема да се (зло)употребуваат етничките теми во кампањата за да се ловат националистички гласови! Дури јас сум и поборник, во иднина и на парламентарните избори, да се напуштат т.н македонски и албански етнички блок, односно врз база на идеолошката предодреденост, на пример СДСМ и ДУИ , но и ВМРО-ДПМНЕ и АА да настапуваат со заеднички листи – вели политикологот Благојче Атанасоски  за „Слободен печат“.

Тој овие предвидени поддршка-коалиции пред претстојните локални избори меѓу СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА од една страна и евентуалната помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, АА и Алтернатива, повеќе ги гледа во насока на „брак од прагматичен интерес“, одошто на некакви природни и реални коалиици кои би функционирале.

– Едноставно е, за да победи ДУИ во Чаир, му требаат гласовите на СДСМ, да победи СДСМ во Град Скопје, му требаат гласовите на ДУИ, аналогно, да победи АА во Струга и требаат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да победи АА во Гостивар и требаат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ – нагласува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот