Аталанта си купи напаѓач за 18 милиони евра

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Станува збор за Муриел кој до сега ги бранеше боите на шпанскиот клуб и доаѓа во Аталанта во трансфер вреден 18 милиони евра.

Минатата сезона колумбискиот напаѓач играше на позајмица во Фиорентина која имаше опција за откуп на договорот, но не го искористи истиот.

Муриел е инаку член на својата репрезентација која пред неколку дена го започна настапот на „Копа Америка“, но уште во првото коло против Аргентина се здоби со сериозна повреда на коленото и за него јужноамериканското првенство е завршено.

Се најавува дека ќе паузира два месеци, а во меѓувреме овој период тимот од Бергамо ја искористи можноста да го промовира во својот клуб.

Претходно Муриел (28) во текот на кариерата настапуваше уште за Удинезе, Гранада, Лече и Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот