Аталанта го понижи Лацио сред Рим

Фудбалерите на Аталанта продолжија таму каде што застанаа минатата сезона.

Аталанта минатата сезона беше најпријатно изненадување во фудбалска Европа стигна до четвртфиналето во ЛШ и беше трета во Серија А,но никого не остави рамнодушен со атрактивниот инапаѓачки фудбал.

Фудбалерите на Аталанта вечерва му одржаа час по фудбал на аспирантот за највисок пласман, Лацио победувајќи го со 1:4 и тоа среде Рим.

Гостинските фудбалери уште во првото полувреме ја завршија работата постигнувајќи три гола преку Госенс, Хатебур и Гомез. Чиро Имобиле во 59. минута со голот влеа надеж за „лацијалите“, но Гомез веднаш возврати за убедлив триумф од 1:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот