Аталанта е неверојатна, петта победа во петтиот натпревар во паузата

epa08535517 Atalanta's head coach Gian Piero Gasperini (C L) and his players celebrate a goal during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and UC Sampdoria at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 08 July 2020. EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Екипата на Аталанта продолжува со фантастичните игри по продолжението на сезоната во Серија А.

Аталанта која сигурно е екипа во најдобра форма во цела Европа, дојде до петтата победа во петтиот натпревар откако продолжи сезоната во Серија А. Нивна последна жртва е Сампдорија која е совладана со 2:0 и тоа со головите на Толои во 75. минута и Муриел во 85. минута.

Покрај Сампдорија, екипата на Аталанта ги совлада и Сасуоло (4:1), Лацио (3:2), Удинезе (3:2) и Наполи (2:0).

Важна победа оствари и Рома која по триумфот на Парма со 2:1 се искачи на петтото место на табелата со 51. бод, исто колку што има и Наполи, додека Милан е на седмата позиција со 49. бода.
Парма победе уште во деветата минута со голот на Куцка, но Мхитарјан во 43. минута донесе израмнување. Победниот гол беше дело на Верето во 57. минута.

Резултати Серија А 31. коло
Фиорентина – Калјари 0:0
Џенова – Наполи 1:2
Рома – Парма 2:1
Аталанта – Сампдорија 2:0
Болоња – Сасуоло 1:2
Торино – Бреша 3:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот