Астрономски трошоци: Даваат 3,5 милиони долари за два дена во Давос

Изнајмувањето автомобил за агенцијата за комуникации во Белата куќа, која е задолжена за безбедна комуникација за претседателот и неговиот персонал, ќе чини околу 266.000 американски долари.

Дводневната посета на Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос ќе ги чини даночните обврзници 3,4 милиони долари.

Ова е досега најскапо патување во Давос на американскиот претседател. Минатогодишниот „аранжман“ чинеше 3,2 милиони, со тоа што Трамп го откажа патувањето во последен момент.

Секој јануари, илјадници светски државници доаѓаат во Давос, мал град со околу 11.000 жители. Големата побарувачка ги зголеми цените, па така едноставен апартман чини 1.000 долари од ноќ.

САД издвоија три милиони долари за сместување на тимот на претседателот на годинашниот Светски економски форум.

Тајната служба издвои повеќе од 400.000 американски долари на агенти кои престојуваат во одморалишта со пет ѕвезди во месноста Баг Рагаз, и уште 176.000 американски долари за хотелски соби на аеродромот во Цирих.

Изнајмувањето автомобил за агенцијата за комуникации во Белата куќа, која е задолжена за безбедна комуникација за претседателот и неговиот персонал, ќе чини околу 266.000 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот