
Астронаутката на НАСА „заглави“ осум месеци во вселената: Во моментов се обидувам да се сетам како е да се оди
Астронаутката на НАСА, Сунита Вилијамс (59) откри дека откако поминала осум месеци во вселената, ја изгубила способноста да изведува некои основни физички активности.
Препорачано
„Овде сум долго време и во моментов се обидувам да се сетам како е да се оди. Не одев, не седев или лежев“, рече Вилијамс за време на видео повик со студенти од Масачусетс.
Вилијамс и нејзиниот колега Бери Вилмор (62) заминаа на 5 јуни во мисија која требаше да трае осум дена, но техничките проблеми со капсулата Боинг Старлајнер го продолжија нивниот престој на Меѓународната вселенска станица (МВС) на повеќе од осум месеци.

Капсулата Старлајнер, дизајнирана да ги врати астронаутите на Земјата, претрпела дефекти како што се истекување на хелиум и проблеми со моторите. Во август, НАСА ја прогласи за небезбедна за враќање, што им остави на астронаутите само една опција – враќање во капсулата Crew-9 на SpaceX.
Микрогравитацијата и влијанието врз телото
Долгиот престој во микрогравитација има значително влијание врз човечкото тело. Според НАСА, коските што ја носат тежината губат приближно еден процент од нивната густина секој месец во вселената. Мускулите, кои на Земјата секојдневно работат против гравитацијата слабеат поради помалото оптоварување.
„Кога астронаутите се враќаат од долготрајни мисии, тие често не можат самостојно да одат“, објаснува НАСА, пренесува Дејли мејл.
Доколку се реализира враќањето на Вилијамс и Вилмор планираното за март, нивната мисија ќе трае вкупно десет месеци – два месеци подолго од стандардните мисии на ИСС.