Астролозите откриваат: Месецот на раѓање открива кои болести ви се закануваат

Астрологијата смета дека позиционирањето на ѕвездите и планетите има директно влијание на луѓето и случувањата. Екпертите тврдат дека сега постојат и научни причини поради кои треба да се сврти вниманието кон месецот во кој сте родени кога станува збор за болести.

Кога се отвора тема „Хороскоп“, никој не е рамнодушен. Луѓето сè почесто се делат на оние кои слепо веруваат во судбина запишана во ѕвездите, кои го планираат животот по натална карта, оние на кои прва работа им е наутро да ги прочитаат „ѕвездените“ новости за тој ден, до загрижени скептици на кои сето тоа им делува како приказна за мали деца. Малкумина од нив се во средина, кои веруваат дека ѕвездите влијаат на луѓето, но на кои ова не им е опсесија.

Доктор Никола Татонети и неговиот тим за првпат се занимавале со темата за месецот на раѓање на луѓето и колку тој може да има некаква врска со настанокот на одредени болести. Проучувајќи голема база на податоци на пациенти кои ги истражувал Медицинскиот центар на Колумбија. Татонети успеал да утврди дека од 1668 болести што се откриени кај пациентите, во 55 случаи се покажало дека имаат силна врска со месецот во кој се родени. Всушност, како што се наведува, откриена е врска од 16 болести кои никој дотогаш не ги поврзувал со месеците. Најчести се оние кои се во врска со здравјето на срцето.

– Астрологијата се темели на месецот во кој сте родени, што штети на ваквите истражувања, бидејќи таа нема никакви научни докази кои се потврдени – рекол Татонети.

При истражувањето спроведено на 1,7 милиони луѓе, родените во јануари најчесто боледуваат од хипертензија, додека февруари како месец на раѓање носи атријална фибрилација, пореметување на срцевиот ритам кој предизвикува треперење на преткоморите.

Татонети исто така кажува дека пролетта ги донесува и срцевите болести, па така оние кои се родени во март боледуваат од артеросклероза, а оние кои се родени во април не можат да ја заобиколат ангината пекторис.

Среќниците родени во мај, јуни, јули и август, најчесто се многу здрави и се поштедени од разни опасни болести, додека оние во септември боледуваат од астма.

Месецот октомври носи психички болести, ноември чести инфекции, додека родените во декември се борат со бронхиолитис уште од најраните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот