Астрологијата има одговор: Какви им се профилните фотографии на социјалните мрежи на хороскопските знаци

Фотографиите кои се постираат на социјалните мрежи говорат многу и за карактерот. Особено, изборот на профилната фотографија.

Овен

Овенот не е голем обожавател на Фејсбук. За фотка на профилот ќе избере мало животно или нешто смешно, и тоа ќе стои таму долго време без да се менува. Тој ретко би поставил фотографија со неговиот лик, а ако го направи тоа, тоа ќе биде фотографија со неговите пријатели. Општо земено, не се интересира многу за виртуелните, социјални мрежи, бидејќи повеќе сака да се види со своите пријатели во живо отколку да разговара преку Интернет.

Бик

Бикот ќе ја стави неговата најдобра слика  што ја има и ќе ја остави таму засекогаш. Фејсбукот за него претставува пријатен начин за да  го помине времето и да дознае што има ново кај неговите виртуелни пријатели.  Неговата активност на социјалнате мрежи, меѓу другото, се состои и во објавување на песни, размена на рецепти, смешни видео клипови и извадоци од омилени книги.

Близнаци

Близнаците имаат многу смисла за хумор, така што тие нема да се двоумат да постават некоја смешна слика, шегувајќи се на своја сметка. Се разбира,  нема да ја остават долго време на профилот, бидејќи наскоро ќе им здодее и ќе постават друга, подеднакво смешна. Не се воздржуваат да го покажат својот природен изглед и не инсистираат на „уредни” фотографии кои не одговараат на реалноста.

Рак

Ракот многу внимателно ќе ја избере фотографијата која ќе ја стави на својот профил. Може да  поминат повеќе дена додека не се одлучи која е најдобра и која ќе предизвика најмногу позитивни коментари од неговите пријатели. Можно е да избере некоја од детството или на која е во друштво со други лица.

Лав

Со фотографиија со која ја истакнува својата елеганција и раскош, Лавот ќе сака да ве импресионира. Фејсбук е само уште еден начин да се промовирате себеси и да поттикне восхитување и позитивни коментари од другите. Се разбира, често ќе ја менува профилната слика, со цел да го задржи интересот на своите пријатели и да собере повеќе „лајкови”.

Девица

На Девицата и се допаѓаат фотографии од пејзажи, без разлика дали го посетила тоа место или сака таму да оди. Нема обичај да ја става сликата од своето лице, но кога тоа ќе го стори, ќе постави слика со идилична позадина, од некое нејзино патување.

Вага

Вагата може да отиде и кај професионален фотограф со цел да има најубава профилна слика, која ќе ги покаже нејзините карактеристики. Често ја менува профилната слика, за да остане во чекор со својата ментална состојба и моменталното расположение.

Скорпија

Скорпијата на својот профил ќе ја постави најмистериозната и најсекси фотографија и ако смета дека успеала да се стави во мислите на своите пријатели, ќе остане таму долго време. Добрата работа е во тоа што ќе и помогне да го зголеми бројот на „пријателите”.

Стрелец

Фотографијата на неговиот профил, која долго нема да ја промени, е онаа која го покажува токму таков каков што е. Сепак, неговите албуми се често ажурирани и со најразлични патувања.

Јарец

Јарецот нема навика често да ја менува сликата на профилот. Сепак, сликата која ќе ја одбере треба да ги исполнува двата критериума : првиот – да се нагласи интензитетот на погледот, а другиот за да ја прикаже неговата професионална дејност. Инаку, најчестата причина зошто Јарец отвора профил на социјалните мрежи е од професионална природа.

Водолија

Водолија се стреми да ги објавува сликите на своите омилени уметници или познати личности на кои им се восхитува. Често го менува и надградува својот профил, бидејќи на овој начин може индиректно да ги информира своите пријатели за она што и се случува и во какво расположение е.

Риби

Рибите се големи романтичари на социјалните мрежи и тоа го докажуваат со поставување на убави и слатки слики или слики од романтични предели. Често ја менуваат профилната фотографија и го надградуваат статусот, објавувајќи фотографии и песни, со кои ги разнежнуваат своите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот