Астрологија и стилот на жената: Каков стил избира вашиот хороскопски знак

Профимедиа

Вашиот хороскопски знак може да открие каква облека преферирате. А, за стилската слика да биде комплетна, читајте и за вашиот знак и за вашиот подзнак.

Некој ја сака елеганцијата, некој слепо ги следи трендовите, а некој пак, е крајно иновативен…Веројатно, има нешто и до ѕвездите.

ОВЕН

Жената Овен сака спорт, брзо возење и машки професии. Овој темперамент вклучува и одреден стил на облекување – удобен и практичен. Ако не се работи за вистинска униформа, на Овенот во секој случај му се допаѓа воениот стил – маскирни панталони, кошули и јакни, сите видови на тренерки и спортски чевли. Жените родени во знакот на Овен имаат убави нозе кои ги откриваат со шорцеви и кратки панталони, но ретко со мини здолништа. Убаво им стои топ со висок рез, затворен до грло, но кој ги открива убавите раце. Дел од телото кој го симболизира Овенот е главата, па така припадничката на овој хороскопски знак никогаш нема да ја видите со шапка или капа. Омилена боја им е црвена, а омилен материјал – волната. Моден дизајнер роден во знакот на Овен- Вивиен Вествуд.

БИК

Жените Бикови ја сакаат традицијата, домот, природата и добрата кујна. Нивната убавина е во женствените облини. Во исто време сакаат практични, но убави и рафинирани работи. Убаво им стојат тенки материјали, комотен крој, така што нивните (повеќе или помалку изразени) облини нема да бидат многу нагласени. Со густата, сјајна и обично долга коса, жените Бикови без грешка избираат облека која најмногу им одговара. Дел од телото кој е важен за Бикот е вратот, затоа не толерираат марами и ѓердани, а ако ги носат, ги носат спуштени за вратот да им е слободен. Биковите сакаат розова, смарагдна, бела и нежна жолта боја на ткаенина. Моден дизајнер роден во знакот на Бик е Валентино.

БЛИЗНАЦИ

Со младешки изглед, жената Близнак во нејзините подоцнежни години може да разменува облека со нејзината ќерка. Кога станува збор за модата, таа е Лолита. Нејзиниот начин на живот бара и соодветна богата облека. Не може да го облече двапати истиот фустан. Постојаната желба за нови работи има разурнувачки ефект врз домашниот буџет. Дел од телото кои ги симболизира Близнаците се рацете, кои со задоволство ги откриваат со некој оригинален џемпер, дури и во зима, а необичните ракави се нагласени. Синтетиката ја сакаат повеќе од природните материјали. Им се допаѓаат жолти, флуоресцентни и психоделични бои (да не останат незабележани). Моден дизајнер роден во овој знак е Фјоручи.

РАК

Ракот се облекува следејќи ги дискретните нијанси на своите чувства, а модните трендови речиси никогаш не ги следи. Жените родени во знакот на Рак се насочени кон исклучително женствен, но традиционален стил или пак се облекуваат како девојчиња. Не е реткост да се види жена Рак во своите педесетти години како носи чевли со ременчиња или рамни ѓонови како оние кај куклите. И одлично им прилегаат. Жените од овој знак сакаат тантела,тесни фустани во половината како и фустани со крој на комбинезон, со тенки нараменици. Им се допаѓа бојата на Месечината, бисерно бела и сребрена. Моден дизајнер роден во знакот на Рак е Џорџо Армани.

ЛАВ

Лавицата мора на сите да им покаже и докаже дека е кралица. Фустанот не само што мора да биде од некој познат дизајнер, туку мора да биде најскапиотод целата колекција. Лавицата може да ја препознаете по накитот, украсена е со злато или целата е во светки и свила уште од раните утрински часови. Често има убава, бујна коса, како гривната на лавот. Ако нејзините материјални можности не ги дозволуваат сите овие скапи работи, Лавица е во состојба да се запусти до крај и да се истакне (барем) со тоа. Омилена боја и е златно- жолтата, но и портокаловата. Моден дизајнер роден во овој знак е Ив Сен Лоран.

ДЕВИЦА

Знак што и одговара на шестата куќа на Зодијакот, а таа куќа ја симболизира модата, но жената родена во знакот на Девица често е многу скромна и скромно облечена. Девицата е попрво шивачка отколку модерна жена. Со клиничка прецизност и својствена методологија ги почитува сите класични модни правила. Таа сака се што е корисно и практично, а во нејзиниот случај, тоа значи облека со џебови и големи женски чанти. Ако видите жена која носи мокасини и кратко шкотско здолниште,најверојатно е родена во знакот на Девица. Омилени бои и се сенф-бојата и сината. Моден дизајнер роден во овој знак е Том Форд.

ВАГА

Жените Ваги се убави и елегантни, во постојана потрага по совршена хармонија. Го сакаат префинетиот класичен стил сличен на оној на Кетрин Денев или Гвинет Палтроу, освен ако сензуалниот ефект не надвладее до толку што би се транформирале во Рита Хејворт или Моника Белучи. Вагата сака свила, памук, лен, односно природни материјали. Иако избираат квалитетни обувки, сакаат наједноставни модели, во темна боја и едноставни, без никакви украси. Соодветна торбичка е „Кели“. Вагата сака нежни есенски бои, бои на медот, старо злато, мов, ништо светкаво, воочливо и агресивно. Моден дизајнер роден во знакот на Вага е Јамамото.

СКОРПИЈА

Најсексапилен и најмистериозен знак на Зодијакот. Скорпијата ќе ја препознаете по продорниот поглед инајчесто, темните очи. Иако е често со неправилни црти на лицето или градба, на голема завист на класичните убавици, на нејзиниот магнетизам тешко кој маж ќе може да одолее. Таа може да се облекува како што сака и секогаш ќе биде секси. А најмногу сака црна облека или облека која наликува на долната облека (корсет, фустани со комбинезон крој) но и кожа. Нејзината наклонетост кон мистериозноста се огледува во долгите фустани со шлиц или целосно затворени, но и во проѕирните маици. Скорпијата ја симболизира гениталната зона, па и одговара облека со низок струк кој ја открива долната облека и делови од телото. Моден дизајнер роден во овој знак е Стефано Габана.

СТРЕЛЕЦ

Истражувачка, патничка и спортистка, жената Стрелец се карактеризира со убави нозе. Во превод – мини здолниште и чизми колку сакате. Не е модерна, ама плени со својата убава насмевка, со долгите нозе и со природноста која се огледува и во стилот. Го сака спортскиот или етно стилот. Не треба да бидете изненадени ако ја видите во сари, тоа е само нејзин „сувенир“ од некое патување. Нејзините бои се црвена (како калинка), виолетова, темно портокалова и кафена. Моден дизајнер роден во знакот на Стрелец е Алесандро Дел Аква.

ЈАРЕЦ

Ако сретнете заводничка која зачекорува пред вас со исправено , елегантно одење најверојатно се работи за жена родена во знакот на Јарец. Модата не ја следи, бидејќи нејзината потреба за автономија е поголема од „диктатот“ на креаторите. За себе сака само она што таа го заслужува, а смета дека заслужува облека со врвен квалитет. Може да ја видите во јакна стара дваесет години, но покрај неа вашиот нов капут сепак ќе изгледа како стара крпа, или во црн фустан со кој носи чанта поскапа од накитот на сите останати присутни жени. Јарецот го симболизира задниот дел на грбот, па затоа оваа жена има кралско држење и често исечен фустан кој го открива грбот. Ги сака сите варијанти на црната боја, бојата на мраз и онаа на слонова коска, но и виолетовата и црвена боја. Моден дизајнер роден во знакот на Јарец е Рафаела Куриел.

ВОДОЛИЈА

Неконвенционален знак, со постојана потреба за трансформација. Водолијата не ја следи модата, туку ги прифаќа модните трендови. Жената Водолија е генијална во импровизацијата. Нејзиниот начин на облекување е револуционерен и футуристички. Лесно ќе ја сретнете во маица со ликот на Че Гевара. Обожува бижутерија,а понекогаш се шминка до непрепознатливост. Сака сè што сјае, како и синтетички ткаенини проткаени со златен конец, светки, перли, како и материјали чија боја се прелива – тафт и свилен мохер. Сака електрично сина боја во сите нијанси, кобалтна, зелена како водата. Моден дизајнер роден во знакот на Водолија е Криција.

РИБИ

Романтични, бескрајно женствени, сентиментални… Рибите за разлика од својот спротивниот знак, Девицата, се симбол на модата, но главно ја произведуваат сами. Генијални модни дизајнери родени под овој знак се Живанши, Москино, Кензо … Дел од телото на Рибата кои ја симболизираат се нозете, па затоа нивниот најомилен дел од облеката се всушност чевлите. Тие имаат убави стапала, а кога би можеле и во зима тие би носеле што поотворени сандали. Жените Риби не штедат пари за да се облечат едноставно. Боја -: циклама, розова, зумбул сина, сребрена и бела. Друг моден великан роден под овој знак е Александар Мек Квин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот