Астро викенд: Подгответе се за бура од емоции!

Фото: Unsplash / adrianna geo
Фото: Unsplash / adrianna geo

Викендов пред нас ќе биде бурен, но на убав начин. Ѕвездите велат за 19 и 20 март дека сите хороскопски знаци ќе имаат отворена шанса сите неоткриени страсти, желби и разговори – да ги остварат со личноста која им значи.

Овен

Во текот на целата работна недела бевте под „грч“. Очекувавте нешто силно, да ве измести од место, а некако промените затаија. Опуштете се. Ќе се случуваат работите и без да ги форсирате. Овој викенд посветете го на себеси – а тоа значи разговор со за вас многу важна личност. Бидете искрени, и ќе добиете повеќе од што очекувате.

Бик

Неделата заврши, а вие сумирате впечатоци. Ви се случија мал милион нервни спреги, состаноци, а и љубовни понуди кои не ви беа во план. Возбудлива недела. Но, викендов продолжете ја во посмирено темпо и со приоритети. Ако сте со семејството, вклучете се во заеднички активности. Ако сте сингл, продолжете со разговорите со омилената личност.

Близнаци

Деновите позади вас беа исклучително стресни, кога се во прашање комуникација со блиските и финансиите. Мудро размислете дали е паметно овој период да влегувате во конфликт со вработените/претпоставените, а и со најблиските. Емоциите што знаат да ви се претворат во бура и ветер, смирете ја со викенд прошетка на отворено и спокој за себеси.

Рак

Бевте љубовно разнишани, не само од партнерот/ката, туку од сите блиски луѓе со кои некогаш не можете да се разберете. Работната недела ви беше стресна и тоа ви се одразува и на физичко ниво. Внимавајте на забите, непцата и општо – храната. Викендов посветете му се на партнерот. Го заслужувате тоа и двајцата.

Лав

Полека ја сумирате неделата што помина и подвлекувате линија дека – сте задоволни. Опуштени сте во љубовните односи, мислите дека љубовта ви припаѓа, и се подразбира. Не е така. Викендов посветете му се на партнерот и обидетете се малку да застанете надвор од себе, светот не се врти само околу вас.

Девица

Прецизната работа и желбите неделата да биде совршена, не секогаш успешно можете да ја совладате. Сепак сите нешта ги направивте како што знаете, така? Имате чувство на задоволство и среќа кое ќе се прелие и во викенд расположението. Во тој дух поминете ги саботата и неделата. Немојте да чистите дома, излезете некаде на вечера, и заборавете на работата.

Вага

Вие сте во полн сјај и умор, како и секоја вага со две страни. Енергија, љубов, работа и труд. Меѓутоа, во вас се буди и еден невообичаено отворен љубопитен флертаџија кој сака да направи мала увертира и да предизвика сериозна кавга во семејството, партнерството овој викенд. Смирете ја бурата во вас – ќе поминете поедноставно.

Скорпија

Неделава што измина ви остави чувство на недореченост со одредени луѓе. Интуицијата ви е силно изразена и свесни сте дека на работа владее лоша атмосфера полна со сплетки и озборување. Деновите од викендот искористете ги за детокс и чесно одморете од сите.

Стрелец

Вашата енергија речиси секогаш е посветена на тоа да си обезбедите соодветен одмор, но преку патувања од едно место на друго. Неделава ве исцрпи иако не правевте ништо премногу. Сега размислувате исклучиво на тоа што сакате да го остварите – патување. Викендов искористете го да отпатувате на поблиска дестинација и да размислите за себе.

Јарец

Неделава се среќававте пречесто со луѓе од минатото, што со љубовни што со работни контексти. Премногу мислење, премногу чувства, а јаречката тишина не може да седи мирна со такви дразби. Викендов седнете во медитација и соберете ги сите впечатоци и направете план – и за љубовниот и за работниот живот.

Водолија

Никогаш не сте човек кој ќе се жали од секојдневието, но неделава ви беше навистина премногу напорна. Не е секогаш работата, некогаш се и комуникациските врски кои просто не функционираат, а вашиот дух е жеден за разбирање и добра волја. Ако имате работа што сакате да ја завршите викендов, посветете и се, тоа ќе ви го намали чувството на анксиозност.

Риби

Вашите мисли патуваат наваму -натаму. Оваа недела размислувавте посериозно за вашата финансиска независност. Ако чувствувате дека ова е вистинско време да се тргне напред, интуицијата ќе ве послужи. Викендот е идеално време за нов финансиски план и малку време со себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот